Blue, следната верзија на оперативниот систем Windows 8 ќе донесе нови помали икони, поголем десктоп простор и поголема можност за персонализација, пишува The Verge. Покрај ова ќе бидe додаден и „snap view“ опција со која од две до четири апликации ќе се „лепат“ една до друга и заеднички ќе го делат екранот. Апликациите од Microsoft ќе бидат прилагодени за оваа нова опција, а апликациите од останатите развивачи ќе можат да бидат прилагодени за оваа погодност.
Оперативниот систем ќе доаѓа и со подобрени „charms“, па наскоро ќе има нова „Play“ опција и нови поедноставни можности за споделување на слики со останатите апликации. Заедно со Windows blue ќе доаѓа и Internet Explorer 11, но барем засега нема податоци за подобрувањата на прелистувачот.
Според „протечените“ информации, Windows Blue ќе биде подобрен и во однос на стабилноста и безбедноста. Засега надградбата е во алфа фаза (Build 9622), а за јавноста најверојатно ќе биде достапна по шест месеци.