Sony најави дека Xperia телефоните ќе ја добијат најновата Android надоградба, но за жал на многумина македонски корисници оваа надоградба ќе биде достапна само за новите модели Xperia T, Xperia V И Xperia TX. Само Т моделот се продава во моментов во Македонија. Другите Xperia модели можеби ќе ја добијат надоградбата до јуни, додека Miro и Tipo, eдни од моделите кои се продаваат во Македонија, нема воопшто да добијат нов софтвер.
Надоградбата на Аndroid 4.1 Jelly Bean доаѓа со неколку подобрувања на Sony Media апликациите како полесна библиотека за побрзо отварање на музика, филмови или фотографии. Има зголемена персонализација преку виџети и кратенки, подобра организација на апликациите, а има и Google Now.