Evernote 2.0 е всушност подобрена верзија на апликацијата која е пофункционална и побрза од претходната. Користејќи метадата, како тагови, наслови и поднаслови, Evernote 2.0 нуди побрзо пребарување низ белешките при тоа сместувајќи ги податоците офлајн без да мора да се пристапи до Evernote серверите. Апликацијата има нов почетен и едноставен интерфејс, има подобрен интерфејс за пребарување и додадени се нови начини за прегледување на белешките.