Ова наиде на големи критики бидејќи корисниците ќе доплаќаат за нешто за кое што веќе платиле, додека пак Intel вели дека нудат „избор и флексибилност“.
„Ова ќе им заштеди на корисниците да не купуваат нови системи или да ги носат во физичките продавници.“ изјави Intel за BBC.
Поопширно, Intel вели дека им дава шанса на корисниците да одредат што сакаат од нивните чипови, односно колкава моќ им е потребна без да платат за целиот хардвер.
„Според „Ако вреди, тогаш е право“ теоријата, вие не поседувате ништо што сте купиле. Вие сте само лиценцирани, дозволено ви е да ја вадите вредноста која вашиот продавач ви ја дозволува. Кутијата кибрит е да запалите роденденски свеќи, не да поправите маса што се клати… Ова е бизнис модел кој кажува дека само компаниите имаат апсолутно право врз сопственоста, и дека останатите се само закупници.“ пишува BoingBoing.